Антиќ го продава дресот со кој стана европски првак

 

Претседателот на Кошаркарската федерација и поранешен кошаркар Перо Антиќ, ќе се приклучи во хуманитарната акција за погодените од земјотресот кој го зафати југот на Турција.

Прославениот кошаркар своевремено беше дел и од турски Фенербахче, клуб со кој успеа да стане европски првак. Сега, Антиќ реши дресот кој го носеше во финалето против Олимпијакос да го стави на аукција, а парите добиени да ги донира во Турција.

Во оваа акција на Антиќ ќе му помогнат Волкан Демирел и Мелих Махмутоглу, со цел да се помогне на погодените делови од оваа земја.

05.03.2023 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега