Анѓушев и Шалев предновогодишно со работниците на Брако
Сопствениците и менаџери на БРАКО, Кочо Анѓушев и Благој Шалев, предновогодишно ги посетија производните погони во фабриката и на сите работници им посакаа среќни празници и добро здравје во новата 2025г, лична и семејна среќа, заеднички деловен успех и нов елан на работните места за новите проекти на БРАКО.
Фабриката БРАКО ја заврши 2024г со позитивни резултати, и покрај економската криза во Европа која погоди дел од западноевропските клиенти на БРАКО, како и кризата со производството на жица предизвикана, пред се, од војната во Украина, која беше извор на евтина суровина, и европските економски санкции кон трети држави.
Од друга страна, во 2024г БРАКО успеа значајно да го зголеми производството и продажбата на возилата за чистење Грин Машинс, да одржи стабилно производство на медицински мебел за странски брендови, и да произведува автоматизирани машини за клиенти од развиените земји.
2025г се очекува да донесе ширење на производите на БРАКО на светскиот пазар, но и борба за зголемување на вкупниот македонски извоз, како клучна основа за економски развој на нашата држава, а со тоа и поголем стандард за нашите граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа