Ангеловски: Жалам само што не ги наградивме навивачите со победа
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски е задоволен од првиот тест пред Европското првенство.
Тој на прес-конференција по натпреварот ги истака добрите моменти од второто полувреме, но не пропушти да се заблагодари на навивачите за поддршката.
-Единствено што жалам е што не ги наградивме со победа. Резултатот сепак не е толку важен, бидејќи ова е сепак подготвителен период. По победата против Германија ова ни беше прв меч и задоволен сум. Им благодарам на господинот Матијаж Кек и на луѓето од словенечката федерација за гостувањето. На некој начин Словенците требаше да ја одглумат играта на Австријците. Соседни држави се, играат сличен фудбал и во иста формација и ова беше добар тест за нас. Имаме доволно време за да ги коригираме грешките до 13. јуни, рече Ангеловски.
Сепак, тој рече дека грешки, како таа во 97. минута можат да бидат кобни на турнир со најдобрите репрезентации од Европа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа