Ангеловски: Ова е моја последна прес-конференција

 

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски се одјави денеска од селекторската функција и рече дека ова е негова последна прес- конференција.

Ангеловски има договор со ФФМ до 31 јули по што му завршува истиот, а поради лошиот однос со раководството во последно време и фактот дека после историскиот пласман на Македонија доби само шест месеци нов договор, реши да најави разделба. 

„Ова е мојата последна прес-конференција, сакам да им се заблагодарам на сите во стручниот штаб, на целиот персонал, на фудбалерите, посебно до капитенот за сѐ што направија во овие пет ипол години, потоа благодарност до сите медиуми за соработката што ја имавме, а посебно на моето семејство. Ова се моменти кои вечно ќе ги паметам. Мојот професионален договор и ангажман завршува на 31 јули, а ова е моја последна обврска“, рече Ангеловски.

21.06.2021 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега