Ангеловски: Не сме свесни што направивме

 

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа голем триумф на гости кај Германија а по натпреварот, селекторот Игор Ангеловски не го криеше задоволството и им честита на играчите за големиот подвиг на гостински терен.

„Овие момци уште еднаш ја направија горда Македонија, против четирикратен светски, трикратен европски шампион. Дваесетгодишна традиција без пораз. Кој, ако не тие да ја срушат таа традиција? Тие се нашите спортски херои, тоа се нашите фудбалери кои ја кренаа нацијата на нозе, така што, Македонијо, радувај се и слави ги овие херои. Оваа победа е налик на ова ЕП. Никогаш не сме победиле репрезентација со толку титули. Среќен сум што работам со такви фудбалери, честитки до нив. Сега мора да се одмориме, не сме уште свесни што направивме. Овој триумф е за сите, но и за оние кои им го донесовме овој успех, да сфатат што правиме. Добро знаете кои се. Ако еден Јоаким Лев пријде и ти честита за петгодишната работа, тогаш се надевам дека сите ќе се свестат што направивме и каков тим е ова. Но, оваа победа е за целиот народ.“, изјави Ангеловски.

За Македонија ова беше втора победа во квалификациите за СП 2022, по онаа над Лихтенштајн на домашен терен во претходното коло.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2021 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега