Ангеловски: Мојата сопруга е болна од коронавирус, оваа победа е за неа

 

 Македонскиот селектор на фудбалската репрезентација, Игор Ангеловски вчерашната победа во Дуизбург, како што изјави на прес-конференцијата ја посвети на сопругата, која се бори со ковид-19.

„Морам да кажам дека мојата сопруга е болна од коронавирус, додека јас сум овде. Беше во тешка состојба, хоспитализирана во една од приватните клиники, ја пуштија пред некој ден... Така што морам да кажам дека оваа победа е за неа, за моите деца, тие се мојата најголема поддршка. Исто и за целиот медицински персонал кој се бореше за нејзиниот живот и со кризата“, рече нашиот селектор, пренесува Гол.мк

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2021 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега