Ангеловски: Испаѓањето на Вардар во втора лига е голема трагедија за фудбалот во Македонија

 

Како што е веќе познато најдобрата македонска репрезентација оваа недела ќе ги стартува подготовките за учеството на Европското првенство.


Игор Ангеловски вели дека треба да се направат уште неколку тактички замисли и се воведе нешто ново, без оглед на тоа што овој состав е заедно долг период.


Во интервјуто за „Данас“ изјави дека поради повреда на коленото во тимот за ЕП нема да биде Илија Несторовски, повикани се Дарко Чурлинов и Милан Ристовски.

– Засега немаме нови проблеми и ќе се трудиме така да остане до патот за Букурешт. Сите останати се подготвени да го потврдат нашиот историски успех, првиот пласман на ЕП. Освен доколку не бидам принуден, нема додатно да повикувам фудбалери – рече Ангеловски.

Воедно го сподели и ставот дека легендарниот Вардар оваа сезона испадна од Првата лига.

– Тоа е голема трагедија за фудбалот во Македонија. Вардар е фудбалски бренд на нашата држава, најдобар и најпознат клуб. Испаѓањето на овој клуб, на кој ни навивачите не можеа да помогнат, претставува голема штета за севкупниот фудбалски спорт во нашата земја – додава Ангеловски.

 

24.05.2021 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега