Анџелина Џоли: Се разболев шест месеци пред разводот

 

Во нејзиното последно интервју, кое го даде за „Wall Street Journal“, Анџелина Џоли призна дека ако треба да избере што да прави во животот, никогаш нема да стане актерка. Можеби би размислувала за театарски одбори, но никогаш повеќе не би избрала живот и кариера во Холивуд.

„Денес не би избрала да работам како актерка. Кога почнав, немав никакви очекувања ниту мислев дека се ќе биде толку јавно, што ќе морам да споделам толку многу”, ја започнала својата исповед актерката. Како што рече, повеќе од две децении поминати под толку интензивен јавен интерес го направија своето, а се се засили по разводот со Бред Пит, кога стана мета на таблоидите.

Таа призна дека сето тоа и предизвикало толку голем стрес што во 2018 година, за време на снимањето на продолжението на „Дизни“, „Љубовница на злото 2“, забележала дека нејзиниот глас целосно се променил од моментот кога за прв пат ја снимала „Злурада“. „Моето тело реагира на стрес, ми се зголемува шеќерот во крвта, а шест месеци пред разводот одеднаш добив Белова парализа“, рече таа и додаде дека нема социјален живот во Лос Анџелес.

Таа откри дека на крајот планира да го напушти Лос Анџелес засекогаш и да помине повеќе време во нејзиниот дом во Камбоџа. „По разводот ја изгубив способноста да живеам и слободно да патувам. Ќе се движам кога ќе можам, бидејќи поради сите места на светот, Холивуд не е здраво место за живеење”, рекла Џоли.

А потоа ги посочи своите шест деца – Медокс (22), Пакс (20), Захара (18), Шајло (17) и близнаците Вивиен и Нокс (15) – откривајќи дека тие не се само нејзини деца, туку и нејзини најдобри пријатели. „Ние сме седум различни луѓе и тоа е нашата сила. Моравме да се излечиме. Има работи од кои моравме да се излечиме“, рече таа.

06.12.2023 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега