Американскиот амбасадор во Пекинг: Кина да направи притисок врз Русија за да ја прекине војната во Украина

 

 

Американскиот амбасадор во Кина, Николас Барнс, изјави дека Пекинг треба да изврши притисок врз Русија за да ја прекине војната во Украина.

„Она што треба да го видиме од Кина е да изврши притисок врз Русија да ги повлече своите трупи, за да може Украина да ја врати целата своја територија и повторно да биде целосно суверена, во секоја смисла на зборот“, рече Барнс пренесува „CNN“.

Тој додаде дека би било корисно „ако Кина ја принуди Русија да престане да ги бомбардира украинските училишта, болници и станбени згради“. Барнс изјави дека во последните два месеци имало огромна загуба на човечки животи поради руските воздушни напади.

Американскиот амбасадор во Кина рече дека разговорот меѓу кинескиот претседател Шји Џјинпинг и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил добар прв чекор, но дека не е јасно што ќе излезе од тоа.

02.05.2023 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега