Американски разузнавач ја предупредува Украина: Ќе го изгубите пристапот до Црното Море
Русија наскоро може да и го одземе пристапот на Украина до Црното Море и да ја ослободи Одеса, изјави пензионираниот разузнавач на американскиот марински корпус Скот Ритер во интервју за Џексон Хинкл на каналот на Јутјуб Дива.
,,Кога Русите ќе ја заземат Одеса, мислам дека нема да застанат и ќе го ослободат сè до Придњестровје, кое е на околу 180 километри од местото каде што се наоѓаат руските напредни единици. Ќе изградат копнен мост и ќе ја отсечат Украина од Црното Море”, предвидува американскиот разузнавач.
Според неговото мислење, тоа е во согласност со планот на Владимир Путин, дизајниран да ја заштити земјата од западните артилериски системи со долг дострел, кои се префрлени во Киев.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу предупреди дека Москва ќе мора да ја истисне заканата надвор од нејзините граници доколку Вашингтон го снабдува Киев со ракети со поголем дострел,пренесе Новости.рс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа