Алтернaтивa: Африм Гаши поднесе оставка од претседателската функција - ќе се кандидира за претседател на Собранието

 

 

Африм Гаши на последната седницаа Централното собрание на Алтернатива поднел оставка од функцијата претседател поради кандидатура за претседател на Собранието, информираше партијата.

-На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот, меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Бидејќи уставот на РСМ, член 67, одпределува дека претседателот на републичкото собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на партијата. Пред тоа, согласно статутот на Алтернатива, претседателот Африм Гаши го овласти потпретседателот Беким Сали да ги извршува формалните обврски на партијата до конечното решавање на темата на претседателот на Алтернатива, велат од партијата.

 

27.05.2024 - 17:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега