88,1% од доверителите се eдногласни: Потребна е брза продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка

 

Зградата на Еуростандард банка треба да се продаде што поскоро сметаат 88,1% од доверителите, истакнувајќи дека секое одолговлекување е на нивна штета. На неодамнешното собрание по повод третата лицтација за продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка, доверители остро се спротивставиле на предлогот на Стечајниот управник и стечајниот судија дека е потребно повторно да се прави проценка на вредноста на зградата.

Тие јасно го изразиле својот став дека со повторната проценка само се одолговлекува процесот и од тоа никој ништо не добива. На доверителите им е комплетно јасна моменталната ситуација, дека ако не се комплетира успешно третата аукција, се прави прераспределба на имотот, што значи дека доверителите добиваат само на хартија потврда дека поседуваат процентуален дел од деловната зграда на Еуростандард Банка, која може да ја уновчат само од идна продажба, а која е неизвесна дали воопшто ќе се случи во блиска иднина, и по која цена. А интересот за купување на оваа зграда е мал само една компанија лицитира. Објектот не може да се продава парцијално туку само интегрално.

Имајќи го во предвид фактот дека станува збор за голем износ на средства кои треба да се издвојат, сосем е логично зошто доверителите се за побрза продажба. Од непродавањето на деловната зграда на Еуростандард банка губат штедачите, доверителите, граѓаните и државата. Поминува време а објектот ќе губи од својата вредност!

Истиот повеќе од две години нема сопственик и не се одржува. Носителите на овој процес (стечајниот управник и стечајниот судија) треба да дадат одговор на прашањето дали е добро и понатаму да се одолговлекува продажбата? Дали со ваквото однесување се поттикнува единствениот понудувач да се откаже, и во некоја блиска иднина да се појави некој нов кој за багателна цена ќе ја купи зградата, а доверителите реално да добијат многу малку.

Дали самиот чин на распределба е добар? Работите се очигледни! Потребна е реакција од надлежните институции, и поголема одговорност. А на лицитации очигледно е дека нема голем интерес.

18.09.2023 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега