66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Илинден

На 15.06.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„531“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(56) од с.Марино, удрило во велосипед управуван од Д.Ј.(66) од Скопје, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

16.06.2024 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега