13-годишно девојче во Германија малтретирано од соученички, со часови ја малече и снимале со телефон

 

 

Пред десет дена во Германија беше убиено девојче по име Луиза (12), а сега земјата ја тресе ново страшно злосторство на врсничко насилство.

Во градот Шлезвиг-Холштајн, група девојчиња со часови мачеле 13-годишно девојче и насилството го снимале со телефон.

Десетина девојки истуриле сок врз главата на жртвата, ја треселе со пепел од цигари и и’ ја запалиле косата, а додека девојчето се обидувало да стане, една од насилничките почнала да и’ вика: „Седи и моли ме!“.

Овој случај привлече големо внимание во јавноста, особено затоа што, како и во случајот со убиената Луиза, измачената девојка ги познавала луѓето кои ја малтретирале.

Германските медиуми јавуваат дека ова не е првпат девојчето (13) да трпи насилство бидејќи често имало проблеми со групата врсници кои ја малтретирале.

На видеото се гледа како жртвата плаче и ги моли соученичките да не ја удираат по нос, но тие не престануваат.

Германските медиуми пишуваат дека ова страшно злосторство се случило на крајот на февруари, но мајката на девојчето дури сега решила да зборува, со цел да ја предупреди јавноста за се’ поголемиот проблем со насилството меѓу младите луѓе.

Полицијата ги идентификувала напаѓачите, а на девојчето му била укажана лекарска помош. Мајката на жртвата вели дека мачењето било прекинато благодарение на храбрата интервенција на случаен минувач.

„Тој ја препозна опасноста во која е ќерка ми, ја прими кога таа побара помош од него. Многу сме му благодарни”, вели мајката.

Според обвинителката, како и во случајот со малата Луиза, сторителите на ова дело нема да бидат кривично гонети бидејќи се деца.

„Девојчето се здобило со тешки физички повреди. Насилниците во моментов ги згрижува Канцеларијата за млади. Се’ уште не е јасно како ќе се одвиваат работите“, рече обвинителот.

Германија минатата недела ја потресе веста за убиството на дванаесетгодишното девојче, кое беше убиено од неговите две најдобри пријателки. Телото на девојчето Луиза (12) беше пронајдено во шума, со бројни убодни рани.

 
22.03.2023 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега