Сотироски за вандализирањето на манастирот на тетовското Кале: Суштината на проблемот е во неказнивоста


Директорот на Комисијата за односи меѓу верски заедници Даријан Сотировски го осудува повторното вандализирање на манастирот св. Атанасиј на тетовското Кале.

Еднаш, два пати, три пати. Колку пати треба да се повтори и колку осудувањето навистина вреди?, прашува Сотировски.

„Дали оној кој го оштети храмот, денес е посреќен од вчера?
Суштината на проблемот е во неказнивоста и во допуштањето одреден неприфатлив однос, тенденција или наратив да тлее долго време.
Тука одговорност има целото општество и сите институции кои таквиот квази-националистички пубертет погласно и поенергично не го потиснуваат и сечат во корен“, нагласи Сотировски.

30.03.2024 - 13:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега