ДЗС: Трошоците за живот во март повисоки за 4.0 % во однос на истиот месец лани
Трошоците на животот во март годинава, во однос на март лани, бележат раст од 4.0 %, а цените на мало од 3.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на претходниот месец, изнесува 0.9 %.
Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 3.1 %, храна и безалкохолни пијалаци за 1.3 %, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.5 %, облека и обувки за 0.2 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации за 0.1 %.
Во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.1 %.
Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Цените на мало во март во однос на февруари 2024 година се зголемиле за еден отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа