„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

 

 

„Зум“, компанијата за видео комуникации што ја започна револуцијата за работа на далечина во текот на пандемијата, им порача на своите вработени да се вратат во канцелариите, пренесува Си-ен-ен.

Неколку американски медиуми пишуваат дека „Зум“ се издигна на нови височини кога станува збор за работа на далечина во екот на пандемијата, кога многу луѓе почнаа да користат платформи за видео конференции од дома.

Сега компанијата со седиште во Сан Хозе, Калифорнија сака своите вработени да се вратат во канцеларија, приклучувајќи се на се поголем број компании низ Америка кои воведуваат мандати за враќање.

Во соопштението до вработените се наведува дека структурираниот хибриден пристап е најефективен и дека луѓето кои живеат до 80 километри од канцеларијата треба да работат во просториите на компанијата најмалку двапати неделно.

„Ќе продолжиме да ја користиме целата наша платформа со цел вработените и дисперзираните тимови да бидат поврзани и да бидат ефективни“, додаваат од компанијата.

Нарекувајќи го хибридниот пристап, најефективен за „Зум“, портпаролот на компанијата изјави во вторникот за „Ју Ес Еј тудеј“ дека вработените кои живеат во близина на канцеларија мора да доаѓаат на работа најмалку двапати неделно

„Амазон“ и „Дизни“ се меѓу компаниите кои ги намалија работните денови на далечина.

09.08.2023 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега