Знаеме кој го изврши теророт, нас не интересира нарачателот: Путин откри кој стои зад ужасот во Москва

 

Рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за терористичкиот напад во Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин одржува средба со своите најблиски соработници во врска со терористичкиот напад што се случи во петокот вечерта во Москва во концертната сала „Крокус“.

Според последните информации, загинале 137 лица, а повеќе од 180 се повредени.

„Нападот на концертната сала во Москва е дел од нападот на режимот во Киев врз Русија. Нападот го изврши ИСИС. Знаеме кој го извршил терористичкиот напад, нè интересира кој го наредил. Целиот терористички чин е обид да не заплаши“, рече Путин.

25.03.2024 - 19:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега