„Земјотрес“ во Париз, големото засилување на ПСЖ бара да замине

 

Беше најавен како големо засилување, еден од новите кои треба на ПСЖ да му донесе пехар во ЛШ. Но, голманот Џанлуиџи Донарума досега не бранеше на ниту еден официјален меч во француската Лига 1.

Според информациите од Франција тој веќе го изразил своето незадоволство и наводно веќе побарал да замине.

Не сака да седи на клупата за резервни фудбалери, па се шпекулира дека неговиот менаџер Мино Рајола му бара нов клуб.

Наводно тоа би можело да биде Јувентус, што секако би било уште еден шок за фановите на Милан кои и така не можат да му простат што чекаше да му заврши договорот, па без обештетување да замине.

Макфакс

24.09.2021 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега