Земјоделците на протест: Блокирани граничните премини во Белгија и Холандија

 

Белгиските и холандските центри за контрола на сообраќајот изјавија дека и денес земјоделците блокираат неколку гранични премини. Ова се должни на неисполнувањето на нивните барања за намалување на даноците и трошоците за производство, како и за увозот на евтини земјоделски производи.

Блокиран е и граничниот премин кон Антверпен, кој е второ по големина европско пристаниште и втор по големина град во Белгија.

Холандскиот сообраќаен центар ги советува патниците да ги одложат патувањата во Белгија, доколку е можно, поради блокадата на граничните премини, објави „NL Times“. Локалните медиуми објавија дека повеќето од земјоделците кои ги блокираат премините дошле од Белгија.

Во западниот дел на Белгија, земјоделците веќе неколку дена го блокираат сообраќајот на камиони во пристаништето Бриж, а речиси 2.000 камиони се блокирани, јави телевизијата „ВРТ“.

Протести на земјоделците се одржуваат и во други европски земји, меѓу кои Германија, Франција, Полска, Грција, Португалија и Романија.

02.02.2024 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега