За “најлудата ноќ“ ќе заработат цело богатство: Откриени цените за настап на пејачите
Заврши летната сезона за естрадата, а многу пејачи веќе побрзаа и закажаа новогодишни настапи или моментално работат на тоа. Цената за прославата на 2023 година, сепак, значително ќе се разликува од претходната.
Како што се пишуваше неодамна, значително пораснаа цените на „обичните“ тезги, а со тоа и новогодишните, кои обично се неколкукратно повисоки.
Неколку извори блиски до забавната индустрија ја потврдија оваа информација за медиумите, а она што сите тие го велат е дека побарувачката е голема без разлика на цената. Така, српските медиуми истражуваа колку пари ќе земат пејачите поединечно на 31 декември, а нивните хонорари ќе ве шокираат.
Саша Матиќ договорил новогодишна тезга во Виена со брзина на светлината, но нема да наплати 50.000 евра како лани, туку десет илјади повеќе.
Аца Лукас до крајот на годината ќе има бројни настапи меѓу кои и концерт во Белградска Арена, а годината успешно ќе ја заокружи со новогодишен концерт во луксузен хотел во главниот град на Србија за 80.000 евра.
Ацо Пејовиќ е во завршна фаза од преговорите за дочекот кој годинава ќе го наплати 80.000 евра.
Наташа Беквалац пред четири дена се врати од американската турнеја и веројатно затоа се уште не го прецизирала местото на настапот, но како што дознаваат медиумите, по 31 декември таа ќе биде потешка за 40.000 евра.
Трендот со цените го следи и Александра Пријовиќ, па вредноста на нејзиниот настап во празничната ноќ годинава скокна на 40.000 евра.
Милица Тодоровиќ резервирала место во познат клуб во Штутгарт, а за вечерта ќе заработи 25.000 евра.
И покрај тоа, Светлана Цеца Ражнатовиќ и понатаму е рекордерка. Како што е познато, пејачката и годинава ќе наплати настап од 100.000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа