Вучиќ од Брисел закажал сoстанок со Србите од Косово

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, закажал средба со Србите од Косово од Брисел, пишуваат српските медиуми.

Средбата треба да се одржи в недела во 11 часот во палатата „Србија“.

Според „Новости“, на средбата биле поканети политички и институционални претставници на Србите од Косово и Метохија, лидерите на Српската листа, сите српски градоначалници, началници на окрузи, директори на болници.

Вучиќ денеска е во Брисел на средба со косовскиот премиер, Албин Курти.

18.08.2022 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа