Вучиќ: Никој не може да ги заобиколи санкциите против Русија преку Србија

„Низ територијата на Србија никој не може да ги заобиколи санкциите што ЕУ и ги воведе на Руската Федерација, а Србија реагира и санкционира такви обиди, бидејќи не и треба никаков дополнителен профит, благодарение на сопствената доволно силна економија“ изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој по средбата со еврокомесарот Оливер Вархељ рече дека ги разбира неговите забелешки во однос на усогласувањето на надворешната политика на Србија со ЕУ.

„Ние не се занимаваме со криминал, не се занимаваме со заработка од нечии страдања за време на војната, ниту ни треба дополнителен профит. Имаме силна економија и јавни финансии за да се грижиме за себе, а со поддршка на Европската унија немаме други поголеми проблеми“ – рече Вучиќ.

Тој нагласи дека Србија секогаш реагирала кога се работи за реекспорт на стоки, а нашите надлежни органи учествувале во апсењето на оние кои работеле на заобиколување на санкциите против Русија.

Вучиќ изрази благодарност и почит кон ЕУ за секаква поддршка, особено финансиска и помош од знаење, додавајќи дека никогаш не ја криел благодарноста на граѓаните на Србија кон даночните обврзници на Унијата, кои одвојуваат значителни средства за развој на нашата земја.

02.12.2022 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега