Водителката Најдовски не ја фати место во Скопје, па веднаш замина за Маврово (ФОТО)
Македонската водителка и продуцентката на емисијата „Живот со стил“, Елена Најдоски иако само пред неколку денови се врати од одмор од соседството, каде беше да „си собере мислите“ од свадбените веселби и обврски, не поседи многу во главниот град, туку веднаш замина од Скопје. На социјалната мрежа „Инстаграм“, откри дека викеднов одлучила да продолжи со уживање во прекрасното Маврово.
Таму е со својот сопруг, Бојан Најдоски. Продуцентката Најдоски максимално го користи летото. Во претходни интервјуа, има откриено дека го обожава летниот период и бенефитите со кои располага ова годишно време.
Распеани со автомобилот во текот на вчерашниот ден стигнаа во Маврово.
Погледот од нивната куќа е прекрасен, а водителката одлучи и да се освежи со капини.
„Убавини, мераци, свеж воздух. Маврово најубаво“, пишува водителката Најдовски на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа