Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажува неделниот извештај спроведен во Секторот за санитарна контрола.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.08.2022 до 26.08.2022 зема 203 примероци за физичко-хемиска и 203 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).
29.08.2022 - 10:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа