Во Кисела Вода се дочистува од невремето, штетите се пријавуваат во општината

 

 

Општинските служби и денес се на терен, соопштија од Општина Кисела Вода.

„По синоќешната интервенција на кризниот штаб предводен од градоначалникот Ѓорѓиевски, која траеше до доцна во ноќта, и во која беа преземени интервентни мерки и надминати поголемите проблеми, денес се работи на отстранување на паднати гранки и зеленило, со цел состојбата сосема да се врати во нормала“, додаваат од таму.

„Во Општина Кисела Вода е креиран тим за комуникација со граѓаните кои претрпеа штета, во главно од силниот ветар кој однесе настрешници, гранки и откорна делови од покриви. Ги упатуваме дека штетите можат да се пријават во Општина Кисела Вода, барака 12, соба 4, кај лицето Далибор Стојановски или на телефон 070/259-873. Воедно, ги известуваме граѓаните дека будно ја следиме метеоролошката состојба, на располагање се ставени сите расположиви ресурси на Општината, а во интензивна комуникација сме и со јавните претпријатија и службите на Градот со цел да се превенираат последици при евентуално повторно невреме“, е нагласено во официјалното соопштение.

31.08.2022 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега