Во експлозија во џамија во Кабул загинаа 21 лице, а 33 се повредени

Полицијата соопшти дека 21 лице го загуби животот во експлозијата која се случи синоќа во џамија во Кабул.

Во експлозијата загинале 21 лице, а дури 33 биле повредени за време на вечерната молитва, потврди портпаролот на полицијата, Калид Задран.

„Експлозијата беше предизвикана од експлозив поставен во џамија во северозападниот дел на авганистанската престолнина“, Вели Задран.

Одговорност за нападите презема Исламска држава.

18.08.2022 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега