ВМРО-ДПМНЕ: Ако 26-те милиони евра од соларниот картел завршеа за струја на училиштата и градинките кризата ќе беше помала

„Ако 26те милиони евра од соларниот картел завршеа за струја на училиштата и градинките кризата ќе беше помала. Ковачевски наместо со лаги и манипулации, да излезе и да каже дали Пиксел груп е основана? Дали Пиксел груп земала државна помош од половина милион евра за две години?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше до СДСМ и побара одговор на неколку прашања.

„Дали Пиксел груп 8 месеци откако Ковачевски станува премиер почнува со инвестиција во фабрика во ТИРЗ Тетово во вредност од 54 милиони евра? Дали соларниот картел во центарот на аферата Броило е направен откако е дојден СДС на власт и се свртени 26 милиони? Ковачевски е фатен во средина на аферата Броило, одговорот на сите прашања е потврден, наместо да чека, да си поднесе оставка веднаш“, велат од партијата.

05.10.2022 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега