ВИДЕО: Под урнатините во Турција пронајдена торба со два милиони долари

 

Противпожарната служба под урнатините на куќа во Турција, во провинцијата Газиантеп, пронашла торба со два милиони долари и ја предала на полицијата, јави агенцијата „Анадолија“.

Доколку не се најдат сопствениците на парите, тие ќе бидат префрлени во државната каса.

„Нашите луѓе пред се’ одат да спасат животи, а потоа ги вадат и работите на луѓето кои доживеале несреќа. Парите и’ се предадени на полицијата, а вакво нешто не се случува првпат“, изјави за „Анадолија“, Чафер Јилмаз, шеф на противпожарната бригада, а пренесува „Танјуг“.

Претходно руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека руските спасувачи пронашле 150.000 долари во готовина под урнатините на една од зградите, а парите и’ ги предале на полицијата.

 

18.02.2023 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега