ВИДЕО: Новинарски нокаут за Шарл Мишел од македонска новинарка

Новинарката Ана Антевска му постави „незодно“ прашање на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на денешната прес-конференција за кое му требаше време да најде одговор.

Белгиецот беше запрашан зошто ЕУ ги поддржува примитивните бугарски барања и тврдења за непостоење македонски народ и јазик, а истовремено дозволува граѓаните на Унијата слободно да го изберат својот род.

Новинарката индиректно му посочи на Мишел дека не се почитува правото на самоопределување во 21 век во Европската Унија, истата Унија која толку се залага за правата на трансродовите лица и ЛГБТИ заедницата.

Мишел најпрво не го „разбра“ прашањето, за потоа да ја повтори истата мантра дека тој лично го поддржува македонскиот национален идентитет и дека членството во ЕУ ќе значи подобар живот за сите граѓани.

05.07.2022 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа