ВИДЕО: Најсексипилниот дедо на светот го покажа својот луксузен имот - „Цел живот работев за ова“
Италијанскиот милионер и плејбој Џанлука Ваки се пофалил со луксузниот имот L'Eremito, за кој вели дека напорно работел цел живот.
„Во детството сонував за ваква куќа. Работев цел живот за овој сон да си го претворам во реалност“, напишал на почетокот на видеото, а потоа го покажал огромниот двор, луксузната куќа и големиот базен.
„Овде ги носам најважните одлуки во животот“, објаснил тој, покажувајќи кон фудбалскиот и тенискиот терен. Неговите иницијали се испишани и на тенискиот терен.
„И сега не можам да дочекам да ги видам нашите деца како трчаат по ова волшебно место“, напишал Џанлука и на крајот на видеото ја бакнал својата партнерка.
Иако има 54 години, Ваки, веќе ја заработи титулата 'најсексапилен дедо на светот'.
Неговата партнерка Шерон Фонсека, од него е помлада 28 години, а во октомври 2020-та година парот добил ќеркичка.
Според Дејли мејл, Џанлука е тежок околу 300 милиони долари, а на Инстаграм има 22 милиони следбеници.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа