(ВИДЕО) „Го бирам ФИНКИ бидејќи во нашата држава просперитет за нешто друго нема“

 

„Го бирам ФИНКИ бидејќи во нашата држава просперитет за нешто друго нема“. Вака млада девојка ја објаснува причината за нејзиното запишување на ФИНКИ во изјава за „Слободен Печат“. Освен оваа идна студентка, и илјадници други деца чекаа за упис во новата студентска 2023/2024 година. За СП повеќемина објаснија дека се запишуваат токму на овој факултет, бидејќи според нив, на другите и немало многу голема можност за напредок и личен просперитет.

Денеска и утре се официјалните датуми за упис на студенти во прва година на 23 факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Според Конкурсот што го распиша УКИМ, за студиската 2023/2024 година слободни се 10.473 места. Од нив 5.074 се предвидени за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 4.439 за редовни со кофинансирање на студиите и 960 за вонредни студенти.

Може да се запишат и странски студенти за кои има или утврдено број или процент од вкупниот број запишани студенти на одредена студиска програма.

Прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот на кандидатите од средно образование ќе биде објавена на 4 септември. Приемните испити на факултетите каде што ги има ќе се одржат на 1 септември, а резултатите се очекуваат на 6 септември.

Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 11 септември, по што следните два дека е запишувањето на кандидати.

Вториот рок за уписи е на 18 и 19 септември, а третиот, каде што ќе останат слободни места, ќе биде на 28 септември.

30.08.2023 - 14:22
Фото: 
Принтскрин „Слободен Печат“

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега