ВИДЕО: „Би сакала да те гушнам“, му рече новинарка на Зеленски, „Зошто да не“, одговори тој

 

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата го посети Обединетото Кралство и изненади новинарка со прегратка за време на прес-конференција.

Украинската новинарка на Би-Би-Си стана и пред нејзиното прашање рече дека би сакала да го прегрне Зеленски, но веројатно нема да и’ биде дозволено.

„Зошто да не?“ Одговори Зеленски, пред да излезе од говорницата и да ја прегрне новинарката на нејзино задоволство.

Риши Сунак, британскиот премиер, беше виден во позадина како се смешка и аплаудира. Други новинари го опишаа моментот како „трогателен“ и средбата ја снимија на своите телефони.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, а бројни коментатори не го криеја ентузијазмот за гестот на Зеленски.

„Ова е многу убаво од него“, „Се гледа дека има големо срце“, „Вака треба да се однесува секој државен лидер“, „Ќе влезе во историјата како еден од најголемите“, продолжија коментарите.

 

 

09.02.2023 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега