Уште еден директор во Град Скопје си поднесе оставка: Не се работи во овој политички амбиент

 

Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ангеле Сотировски кој доаѓа од Социјалистичката партија преку социјалните мрежи објави дека поднел оставка од функцијата.

Сотировски посочува дека имал чест повеќе од 9 месеци да биде на чело на претпријатието кое го затекнал со големи обврски кон добавувачите.


-Имав чест во изминатите нешто повеќе од девет месеци да бидам на чело на Јавното претпријатие Паркови и зеленило. Претпријатието го затекнав со големи обврски спрема добавувачите. Ваквите обврски претставуваа сериозен терет за тековното работење на претпријатието. На мене како В.Д.Директор,но и на мојот тим, во изминатиот период предизвик ни претставуваа две работи: надминување на тешката финансиска состојба во која го затекнавме претпријатието и подигнување на нови зелени површини Борбата со тешката финансиска состојба не беше нималку лесна, но како тим забележавме одредени резултати за кои граѓаните имаат право да бидат информирани, вели тој во својата објава. 

Сотировски вели дека со добро менаџирање успеале да ги намалат трошоците на претпријатието.

-Особено сум горд на фактот што во изминатите месеци интензивно работевме на подигнување на нови зелени површини на повеќе места низ Градот. Ценам дека новиот политички амбиент во Град Скопје нема да ми дозволи максимално да се фокусирам на најважното а тоа е успешно менаџирање на претпријатието. Токму поради тоа, се повлекувам од должноста В.Д.Директор. Зад себе оставам и добиени налози за работа од кои очекувам дека на Претпријатието ќе му гарантираат сигурни приливи на средства, порача Сотировски. 

21.09.2022 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега