Урсула фон дер Лајен доби нов мандат на чело на Европската комисија

Европскиот парламент денеска ја избра Урсула фон дер Лајен за нов мандат на чело на Европската комисија.

Во Европскиот парламент мнозинството пратеници гласаа за 65-годишната политичарка од ЦДУ, со што и официјално беше потврдена нејзината номинација од шефовите на држави и влади на земјите-членки на ЕУ.

Од 701 глас таа доби 401 за, 284 против, додека останатите беа воздржани или празни ливчиња. Границата за шеф на комисијата беше 360 гласа, пренесуваат медиумите во регионот.

Во 2019 година постигна мнозинство со само девет гласа повеќе од потребното.

18.07.2024 - 16:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега