Украина: Русите погодија во зграда, едно лице под урнатините
Најмалку едно лице загина во руски ракетен напад во текот на ноќта кој погоди станбена зграда во источна Украина, соопштија властите.
Уште петмина, меѓу кои и едно дете, беа спасени, но се верува дека најмалку едно лице е заробено под урнатините по нападот на градот Селидово, северозападно од градот Доњецк, окупиран од Русија, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко.
„Четирикатницата е тешко оштетена“, рече тој на Телеграм.
Ирина Шушура, полициска медицинска сестра, изјави за Ројтерс на местото на настанот дека двата напади биле околу 1 часот по полноќ, едниот удрил во зграда, а другиот на околу 100 метри.
Спасувачките работници ги расчистуваа урнатините и ги предупредија жителите да не се приближуваат до структурата, која се чини дека била уништена од ударот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа