Убиецот на Оки е најден во Грција, како и пиштолот со кој е извршено убиството
Расчистено е убиството на ликвидираниот македонски државјанин во Грција, Орхан Бајрами – Оки и неговиот пријател, кои беа ликвидирани во Халкидки. Грчките медиуми пренесуваат дека лицето кое е во притвор поради двојното убиство во чаршискиот „Шиша бар“ во Скопје е осомничен и за убиството на водичот на нарко клан, Бајрами-Оки.
Воедно, најдено е и оружјето со кое е убиен Оки. Истото оружје било со пригушувач, а било фрлено во област која е тешко пристапна, подалеку од местото на убиството.
Според лабараториски испитувата и анализи на наодите, пиштолот бил користен во конкретното кривично дело.
-Според собраните информации, се чини дека мотивот на кривичното дело е поврзан со ривалство помеѓу две криминални групи кои главно се занимаваат со трговија со дрога и се со седиште во земјата од каде што потекнуваат. Горенаведениот странски државјанин е уапсен и е задржан во притвор во својата земја, како осомничен за негово учество во убиството на две лица, што се случи лани во март во нивната земја. Против него е распишана европска потерница и се преземаат потребните дејствија за негова екстрадиција во нашата земја, соопштија од грчката полиција.
Ова убиствто се случи пред 5 месеци.
Орхан Бајрами во македонската јавност е познат како дел од мафијашкото подземје. Се сметал за неформален лидер на т.н. групата „Дуќанџик“. Тој воедно бил инволвиран и во неколку вооружени инциденти, а според неофицијални информации на грчките медиуми, неговото убиство било извршено од неколку лица, со пиштоли, од кои испукале дваесетина куршуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа