Тунберг казнета поради непочитување полициска наредба
Шведската еко активистка Грета Тунберг е прогласена за виновна за непочитување на полициска наредба да го напушти протестот во јужниот град Малме на 19 јуни и е казнета поради инцидентот.
Тунберг призна дека учествувала на протестот и не ја послушала полициската наредба, но се изјасни за невина и рече дека нејзините постапки биле оправдани.
„Моите постапки можат да бидат оправдани“, рече Тунберг во судот.
„Сметам дека сме во вонредна состојба која ги загрозува нашите животи, здравје и имот. Безброј луѓе и заедници се изложени на ризик и на краток и на долг рок“, додаде таа.
Казната ќе се заснова врз основа на приходите на Тунберг, а се уште не е јасно колку точно ќе треба да плати.
Тунберг беше дел од групата демонстранти кои го блокираа патот за камиони со нафта до складиштето во Малме. Против неа е поднесена кривична пријава откако не ја исполнила полициската наредба да го напушти местото на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа