Трудо: Канада воведува нови санкции кон Русија и испраќа уште тенкови во Украина
Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека неговата земја ќе воведе нови санкции кон Русија и ќе испрати уште четири борбени тенкови Леопард 2 во Украина.
Новите санкции ќе бидат насочени против 129 лица, вклучително и заменици-премиери на Русија и други државни функционери, како и против 63 ентитети, изјави Трудо пред новинарите, пренесува Ројтерс.
Канада ќе и помогне на Украина и со оклопно возило за поправка на тенкови, а Киев ќе добие и повеќе од 5.000 парчиња муниција од Отава.
– Владимир Путин сериозно погрешно пресмета кога ја започна својата агресивна војна – додаде Трудо.
Според канадскиот премиер, Путин ги потценил Украинците и солидарноста на пријателите на Украина ширум светот.
Денеска сме посилни и пообединети од кога било, заклучи Трудо,пренесе Блиц.рс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа