Трагедија во Валандово: Со каминон прегазил пешак

 

На местото викано „Страиште“ кај Валандово вчера околу 17:30 часот загина А.Т. (68) од селото Казандол, валандовско, отакако во него удрило товарно возило.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

Таа информираше дека товарно возило „ивеко“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(47) од село Удово, валандовско, удрило во пешакот А.Т.(68) од село Казандол, валандовско. Од здобиените повреди на местото починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Валандово.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и екипа на ОВР Валандово.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција

29.11.2024 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа