Трагедија во Бразил: Татко пиел пиво за време на лет, па му дозволил на синот да управува со авионот

 

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од татко како држи пиво додека неговиот млад син лета со нивниот авион – не многу време пред  да загинат во несреќата.

Гарон Маја (42) и неговиот син Франциско (11) загинале кога нивниот приватен авион се урнал во прашума во Бразил на 29 јули.

Сопругата на Маја, Ана Придоник, наводно си го одзела животот само неколку часа откако нејзиниот сопруг и посинокот биле погребани на 1 август.

Бразилската полиција истражува како постапките на таткото можеби придонеле за фаталната несреќа на авионот.

Не е јасно кога Маја ја снимил снимката како пие пиво, но тој може да се види на копилотското седиште додека неговиот син управува со авионот од 900.000 фунти.

По полетувањето од земјената писта, таткото вели: „Чекај, дали се е подготвено? Ништо напред, ок. Ајде, 600 коњи, можеш да туркаш“.

„Рака на рачката, рака на рачката. Држи ја раката таму и погледни ја брзината“, додал тој.

Тој наводно планирал да лета со Франциско над илјада милји назад кај неговата мајка во Кампо Гранде, Мато Гросо до Сул, пишува Дејли Меил.

Авионот повторно полетал во 17.30 часот и наводно се урнал осум минути подоцна, исчезнувајќи од радарите.

08.08.2023 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега