Трагедија го стресе Скопје: Му однел јадење на татко му додека работел, па паднал од објект и починал
Дваесет и тригодишен скопјанец трагично го загуби животот вчера по пад од објект во изградба на Бит Пазар.
Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера, а момчето првин се здобило со тешки повреди, но им подлегнало во болницата Свети Наум Охридски во Скопје.
Момчето со иницијали М.О. се нашло во објектот за да му однесе јадење на неговиот татко, кој бил работник.
Извршен е увид, а телото на момчето е дадено на обдукција.
13.12.2024 - 20:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа