Торнадо зафати делови од САД, тројца загинаа, десетици куќи се оштетени
Најмалку три лица загинаа, а десетици куќи се оштетени во ударот на торнадо во американските сојузни држави Индијана и Арканзас.
Националната метеоролошка служба соопшти дека повеќе торнада биле пријавени во неделата попладне во центарот на Индијана, а службите за итни случаи потврдиле дека жртвите се од округот Мартин, Индијана, пренесува Ројтерс.
Директорот на ЕМС Камерон Волф изјави дека повредениот партнер на жртвата бил пренесен во болница.
Според него, тие живееле во дрвена куќарка која била уништена од невреме.
26.06.2023 - 19:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа