Температурата на океаните неделава урива рекорди

 

Температурата на површината на океанот во петокот се искачи на 20,96 степени Целзиусови, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на Европската унија.

Последниот рекорд од 20,95 степени е забележан во март 2016 година, изјави портпаролката на агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник.

Меѓу тестираните примероци нема ниту еден од поларните региони.

Океаните апсорбираат 90 отсто од вишокот топлина создадена од човековата активност од почетокот на индустриската ера, предупредуваат научниците.

Таа топлина продолжува да се акумулира додека стакленички гасови, главно од согорувањето на нафта, гас и јаглен, се собираат во атмосферата на Земјата.

Просечната температура на океаните од април ги урива сезонските рекорди ширум светот.

„Топлинскиот бран на океанот е непосредна закана за некои морски животни“, рече Пирс Форстер од Меѓународниот центар за клима на Универзитетот во Лидс.

„Веќе сме сведоци на директен резултат од избелувањето на коралите во Флорида и очекувам да се појават повеќе последици“, додаде тој.

Се предвидува дека затоплувањето на океаните ќе има други влијанија врз подводниот живот, вклучувајќи ја миграцијата на одредени видови и ширењето на инвазивните видови. Ова може да ги загрози рибните резерви, а со тоа и безбедноста на храната во делови од светот. 

09.08.2023 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега