Taжна вест: Почина легендата на Вардар, Ванчо Трпевски

 

Тажен ден за сите симпатизери на Вардар. Денеска на 87-година од животот почина легендата на овој клуб Ванчо Трпевски кој целата кариера ја мина во редовите на „црвено-црните“ најпрво како играч, а потоа и како тренер во помладите и сениорските категории на најтрофејниот македонски клуб.

Трпевски е роден во 1934 година. Од Вардар е од почеток до крај, од неговите почетоци до пензионирањето.

Трпевски целиот тренерски стаж го мина работејќи во сите генерации на Вардар. Тој беше тренер на Вардар во сезоната 1993/94 кога тимот се закити со втората шампионска титула во независна Македонија. Трпевски беше и селектор тренер на пионерската, јуниорската и серниорската репрезентација на Македонија во екс СФРЈ, а по осамостојувањето беше селектор на јуниорската и селекцијата до 21 година на Македонија.

Вистинското име му е Јован Трпев, но сите го знаат како Ванчо Трпевски.

Од него преку својот Фејсбук профил прва се прости неговата ќерка, поп пејачката и музички педагог Искра Трпева Арсовска.

30.12.2021 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега