Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров, со што и формално започна неговиот втор четиригодишен мандат.
Со новиот мандат, Стојкоски добива нова можност да го продолжи континуитетот на развојот во Ѓорче Петров. Градоначалникот најави уште посилен интензитет на работа, реализација на капитални инвестиции и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
-Денешното уверение е потврда за довербата што граѓаните на Ѓорче Петров ми ја дадоа, но и обврска да продолжам уште поодговорно, со уште повеќе работа и резултати. Благодарен сум за секоја поддршка, за секој граѓанин што препозна искреност, посветеност и конкретни дела. Ѓорче го менуваме таму каде што никој не се осмелил да работи со години. Во наредниот период, продолжуваме со нови проекти, инвестиции во инфраструктура, образование, спорт и животна средина и се со една цел – Ѓорче Петров да биде најпосакувано место за живеење во Скопје – изјави градоначалникот Стојкоски.
Тој нагласи дека довербата што ја добил од граѓаните е најсилна потврда дека општината се движи во вистинска насока. Тимот на Општина Ѓорче Петров, како што додаде, ќе продолжи да работи во духот на транспарентност, отчетност и европски стандарди во локалното управување.
Актуелно
- Александар Стојкоски и официјално го презеде вториот градоначалнички мандат во Ѓорче Петров
- Висок број неважечки ливчиња во вториот круг: Во Скопје секое 16-то ливче било неважечко
- Одговорност во СДСМ: Си поднесувам оставка, го повикувам и Филипче да си замине
- Дневен хороскоп: Овенот да внимава со одлуките, близнаците ќе дојдат до важни откритија
- Пијан крушевчанец со возилото удрил во паркиран автомобил и избегал, полицијата го приведе
- Летаат казни: Олеснет џебот на над 16.000 возачи, приведени 121 лице
- Возачот кој прегази жена пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ и избега пронајден на Водно
- Четири жени седнуваат на градоначалниките места – извојуваа победа на локалните избори

