Close Menu
    Најново

    Мицкоски: Владата останува 100% усогласена со политиките на ЕУ – целта е полноправно членство

    06.11.2025 во 19:04

    Министерот Алиу и амбасадорот Палминтери со заедничка визија за посилно здравство

    06.11.2025 во 18:49

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Кина, Џианг Сјаојен

    06.11.2025 во 18:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицкоски: Владата останува 100% усогласена со политиките на ЕУ – целта е полноправно членство
    • Министерот Алиу и амбасадорот Палминтери со заедничка визија за посилно здравство
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Кина, Џианг Сјаојен
    • Гаши со ректорот Фетаји: Собранието подготвено да ја поддржи реформата и развојот на високото образование
    • ФОТО: Ова е новиот Совет на Велес
    • (ФОТО) Акцијата на новиот татко на градот почнува во 20.30 часот: Го чекаат полни контејнери
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Кристоф Зомер
    • ФОТО НА ДЕНОТ: Ѓорѓиевски и подари букет на Арсовска, па и ја зеде функцијата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: Владата останува 100% усогласена со политиките на ЕУ – целта е полноправно членство

    Мицкоски: Владата останува 100% усогласена со политиките на ЕУ – целта е полноправно членство

    06.11.2025 во 19:04
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Средба со јасна европска порака – Владата останува целосно посветена на евроинтеграциите и на спроведувањето на реформите што ќе ја направат државата посилна и поправедна, порача премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас, по примопредавањето на Извештајот за напредокот на земјава.

    „Владата останува 100 проценти усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија, што претставува важна придобивка за карактерот на нашите меѓусебни односи и за нивото на нашата посветеност кон европските вредности. Како Влада остануваме целосно посветени на европскиот пат и на реформите кои ја прават државата посилна, пофункционална и поправедна. Ќе ги адресираме сите области каде е забележан застој со конкретни мерки и отчетност. Нашата цел е полноправно членство во рамки на ЕУ,“ изјави премиерот Мицкоски.

    Тој нагласи дека Извештајот на Европската комисија не претставува оценка за една година или една Влада, туку за континуитетот на реформските процеси, институционалната зрелост и одговорот на земјата на европските приоритети.

    „Во Извештајот се нотира дека во некои области постои одреден или ограничен напредок, нема области со назадување, а во четири поглавја е забележан добар напредок. Во делот на слободното движење на капиталот дури и е зголемено нивото на подготовка благодарение на приклучувањето кон СЕПА и спроведувањето на мерките против перење пари и финансирање тероризам. Комисијата ги поздравува чекорите во делот на економијата, стабилниот банкарски сектор, умерениот раст на БДП и фискалната дисциплина,“ рече премиерот.

    Мицкоски посочи дека позитивни оценки има и за дигитализацијата, модернизацијата на јавната администрација, системите за е-набавки и зајакнувањето на сајбер-безбедноста.

    „Напредок е забележан и во образованието, науката и младинските политики, преку зголеменото учество во програмите Horizon Europe и COST. Во инфраструктурата се истакнати активностите околу Коридорот VIII и новиот Закон за енергија кој отвора пат кон зелена и праведна транзиција. Европската комисија нотира реален напредок и во медиумската регулатива, особено во зајакнувањето на финансиската независност на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,“ додаде премиерот.

    Популарно

    Голема акција на МВР: Падна актуелен државен функционер за мито

    06.11.2025 во 16:24

    Го фатиле со бележани пари – познат идентитетот на приведениот директор

    06.11.2025 во 16:38

    ДИК разгледува 16 приговори: Отфрлен приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница

    06.11.2025 во 16:18

    Голема трагедија: Студентка вечерва пронајдена мртва

    05.11.2025 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.