Талат Џафери испрати честитка по повод Денот на армијата

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Чафери испрати честитка до началникот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и припадниците на војската.

„Во име на сите пратеници во Собранието на Северна Македонија и во мое лично име Ви го честитам 18 август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија“, порача Џафери.

Собранискиот спикер вели дека припадниците на Армијата во последните 30 години се посветени на зачувување и обезбедување на интегритетот и суверенитетот на Македонија.

„Професионалноста која ја покажувате е пример за сите, затоа граѓаните имаат доверба во вас. Имав чест да бидам дел од Армијата и да придонесам за Евро- атлантските цели на државата како официер и министер за одбрана“, се вели во честитката.

18.08.2022 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега