Тага во домот на Тончи Хуљиќ: „Ќе ми недостигаш колку член на семејството“

 

Тончи Хуљиќ на социјалните мрежи се прости од својот пријател и колега Душан Васиќ.

Пред нешто помалку од два месеци семејството Хуљиќ беше на „седмо небо“ – Хана и Петар Грашо станаа родители на малото девојче Алба, кое внесе голема радост и мир во нивните животи. Сепак, по среќата, за жал, им дојде и голема тага.

Тончи Хуљиќ на социјалните мрежи се прости од својот пријател и соработник Душан Васиќ, кој креираше и звуци за некои од хитовите на Хуљиќ.

-Оваа слика никогаш повеќе нема да биде целосна. За жал, вчера почина мојот пријател и колега Душан Васиќ. Тој го создаде мојот звук Madre Badesse и новоснимениот двоен инструментален кросовер на ЦД… Беше задолжен за програмирање и креирање на ритам секцијата на голем број мои песни за Грашо и Розга. Ти благодарам за твоето пријателство и музика. Ќе ми недостигаш колку член на семејството… Те сакаме и те чуваме во душата, срцето и песните,  напиша Тончи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Tonči Huljić (@toncihuljic_official)

07.09.2022 - 23:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега