СЗО: Над 160 здравствени работници се убиени во Газа
Повеќе од 160 здравствени работници се убиени за време на својата должност во Појасот Газа откако Израел почна офанзива против палестинската енклава, соопшти денеска портпаролот на Светската здравствена организација, Кристијан Линдмајер.
Тој повика на итно укинување на ограничувањата за медицинска помош за Газа, пренесува „Ројтерс“.
„Над 160 здравствени работници загинаа додека вршеа должност, додека се грижеа за повредените и болните. Тоа се луѓе што го одржуваат здравствениот систем преку посветеност, некако најдоа начин да одржат одредено ниво на услуга“, рече Линдмајер и додаде дека некои лекари, поради многу лоши услови, се принудени да вршат операции, вклучително и ампутации, без анестезија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа